Ковачевски-Шмигаљ: Подготвени сме да ги прифатиме граѓаните на Украина доколку побараат времено засолниште во нашата земја

од Берта Китинска
152 прегледи

Вчера доцна попладне имав телефонски разговор со премиерот на Украина, Денис Шмигаљ.Му пренесов дека сочувствуваме со Украина и истовремено се восхитуваме на храброста со која Украинците ја бранат својата слобода и сувереноста на државата, пишува на својот Фесјбук профил, премиерот Димитар Ковачевски.

-На колегата Шмигаљ му порачав дека Северна Македонија е целосно усогласена со надворешната и безбедносната политика на ЕУ и НАТО, и е во постојана координација за поддршката на Украина.Подготвени сме да ги прифатиме граѓаните на Украина доколку побараат времено засолниште во нашата земја и остануваме во контакт за сите идни активности за поддршка и помош.Премиерот Шмигаљ се заблагодари во име на граѓаните на Украина за досегашната поддршка и помош, информира Ковачевски.