Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков за случајот „Плацеви на Водно“ во Кривичниот суд кажа дека одговорно тврди дека не е виновен и дека не прикривал имот на Никола Груевски и дека во целата постапка се чувствувал како њабљудувач, бидејќи за него не видел ниту еден материјален или вербален доказ.
– Ова е апсолутно неточно и ова го тврдам најодговорно. Јас тоа што ќе го кажам во мојот исказ не значи дека вие како судечки совет треба да ми поклоните верба бидејќи јас како обвинет можам да кажам се во моја одбрана исто како и останатите обвинети минатотот рочиште, а не зборуваа баш вистина затоа треба да дадете верба во материјалните докази. Ние не видовме ниту еден материјален доказ ниту па еден доказ, изјави Мијалков.
Мијалков на прашањето дали е точно дека Груевски од него барал да му помогне да го купи имотот и да се скрие дека тој е вистински сопственик.
„Ова е неточно и е една чиста невистина. Никогаш никој од мене не побарал вакво нешто, дури ни во овој случај никој не побарал да му помогнам да стори кривично дело и да прикрие и некаков имот“,рече Мијалков.
Во случајот познат како „Плацеви на Водно“, покрај Груевски и Новачевски, Обвинителството ги сомничи Мијалков, бизнисменот Јордан Камчев и неговата мајка Ратка Камчева.