Максим Кагал, украински кик-боксер и светски шампион во 2014 година во организација на Меѓународната спортска карате асоцијација (ИСКА), загина за време на борбите за Мариупол.
Како што пренел неговиот тренер Олех Скирта, Кагал го загубил животот на 25 март:
-За жал, војната го зема најдоброто. За време на одбраната на Мариупол, Максим Кагал загина како дел од специјалната единица Азов. Тој беше првиот светски шампион од Кременчуг, чесен и добар човек“, напиша Скирта, која потоа додал:
„Спиј мирно брате, почивај во мир, ќе тe одмаздиме“.
Азов е озлогласен полк кој дејствува под Националната гарда на Украина, чии членови се главно закоравени неонацисти, екстремисти и десничари. Истата година кога Кагал стана светски шампион, овој полк беше обвинет за тортура и воени злосторства, како и за користење на симболите на дивизијата СС.