„Зачудувачки е за нас што се најавуваат штрајкови, кога пред само месец и половина се договоривме за растот на минималната плата. Ние се договориме дека дијалогот ќе продолжи во сите ресорни министерства и никој не кажа дека не сака да преговара“ рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во емисијата „24 анализа“ на ТВ24 по повод најавите за штрајк за усогласувањето на минималната плата.
Тој додава дека Владата цврсто стои зад овој став и додава дека е изненадување зошто се инсистира на брзи наместо на издржани решенија во услови кога е се договорено и кога социјалниот дијалог продолжува.
Битиќи потсети дека по постигнувањето на договорот, ситуацијата во светот се промени драстично со почетокот на војната во Украина.
„Новите кризи и ситуација бараат прилагодување, но остануваме на се што се договоривме.
Тој повика сите да се придржуваат до договореното и додаде дека не е можно усогласување на сите плати во јавниот сектор за еден ден.
„Ако ни била заедничката констатацијата дека член 8а од Законот за минимална плата дава рок од 6 месеци за усогласување тогаш да се испочитува тоа. Се уште не е исплатени ни правата плата според новиот закон“, рече Битиќи.