Ние изгубивме прекрасни фудбалери. Се сеќаваме на скандалите. Наши државјани од дијаспората, кои што играа за Македонија, но во еден момент престанаа. Се сеќавате на аферите во кои што стручни лица и тренери од ФФМ, барале пари од татковците за да ги стават нивните синови во ростер и така да станат интересни за скаутите. тогаш најдобро се виде на кое место завршувавме, вели поранешниот вицепремиер за економски прашања и поранешен амбасадор Ивица Боцевски во емисијата „Само вистина“.
Според него, додека така се бираше играчи „преку братучеди и кумови, успехот беше за никаде“.
-Бевме на дното. Такви ни беа резултатите. Сега многу работи се направија, прекрасен успех. Најдовме модел, покажувајќи дека ако се бара врвниот талент, тогаш резултатот ќе си дојде. Ова раководство на ФФМ одлично си ја врши работата, започнато од претходниот претседател Илчо Ѓоргиевски, рече Боцевски.