Ковачевски: Пописот е спроведен по сите европски стандарди и дава податоци кои беа оценети како сигурни

од Берта Китинска
166 прегледи

Имав чест да присуствувам на денешната презентација на резултатите од Пописот, спроведен од страна на Државниот завод за статистика. Пописот е спроведен по сите европски статистички стандарди, и дава податоци кои беа оценети како сигурни, веродостојни, валидни и корисни, пишува на својот Фејсбук профил, премиерот Димитар Ковачевски.

-Пописот содржи релевантни информации за реалната состојба на населението, со што на државата и се овозможува да планира и креира политики од интерес на граѓаните и бизнисот. Честитки до Државниот завод за сатистика и сите инволвирани во процесот, за професионалноста и ефикасниот и успешен Попис!, пишува Ковачевски.