СДСМ го поздравува фактот, како што вели што после 20 години имаме успешен попис, спроведен по највисоки светски стандарди на ЕВРОСТАТ, признаен од сите меѓународни и домашни релевантни фактори.
Според владеачката партија, не успеаја повиците на Левица за бојкот на пописот, ниту пак обидите да биде попречен и да не се одржи.
-Тоа е пораз за сите деструктивтни сили кои работата против државните интереси како што е Левица. Прифаќањето на резултатите веќе е потврдено со искажувањето волја на огромното мнозинство граѓани да се попишат, додаваат од партијата од „Бихаќка“, потенцирајќи дека пописот е доказ за кохезијата на македонскиот народ и нашето мултиетничко општество.
За Левица, пописот е политичка операција изведена под палка на ДУИ, а одобрена од СДСМ.
-Овој процес не беше ништо освен една политичка операција изведена под палката на ДУИ, а одобрена од СДСМ. Имавме многу говори и гостувања по емисии каде образложувавме зошто е проблематичен Законот за попис. Прво Законот го шверцуваа со европско знаменце, што не е случај во ниту една држава. Потоа имавме попис на дијаспора, што не е случај во ниту една држава, па имавме попишување со само давање на матичен број, што ги крши сите меѓународни стандарди, кажа Крмов пред новинарите на прес-конференција во Собранието.