Демократската партија на Турците не ги прифаќа пописните резултати

од Nikola Popovski
265 прегледи

Многу јасно и недвосмислено ве известуваме дека резултатите што се објавени од страна на Државниот завод за статистика „не ги прифаќаме“, велат од Демократската партија на Турците за денешните резултати од пописот.

Според нив, објавените резултати се „плод на  целосна недоследност и политичка операција“.

Од таму тврдат дека иако има зголемување на Tурското население во 31 општина, фактот што стапката на Турците е над 20% во 6 општини и постоењето на пораст од  7% на последниот попис според пописот од 2002 година, не значи дека преку објавените податоци ова политичка операција е прифатлива за нив.

-Овие резултати, кои се далеку од реалноста, не можат да бидат прифатени и од нашата партија и од нашиот народ. Зголемувањето на вкупното Турско население за само 5.484 лица во периодот од  19 години, значи дека сите статистички податоци се отфрлени од наша страна. Имајќи го во предвид наталитетот и морталитетот во периодот од 2010-2020 година, зголемувањето во овој период е вкупно 4.307 лица (Родени: 9.564, починати: 5.257). Врз основа на овој резултат, разликата меѓу бројот на родени и умрени во периодот помеѓу 2002 и 2009 година е само 1.177 лица. Според ова, во податоците на Државниот завод за статистика, во периодот од 2002 до 2009 година имало зголемување за 1.177 лица, велат од Демократската партија на Турците.

Партијата нагласува дека „ова е далеку од вистината и не се совпаѓа со реалноста“.

Слични содржини