Во дијаспората, проценките се дека само околу 10% од Македонците се попишани, додека во Македонија, од резидентното население, претежно Македонци, над 130.000 не се попишани. Овие бројки го наметнуваат заклучокот, дека пописот е неуспешен и за тоа треба да се бараат причините и одговорноста, вели во „Студио 10“, претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов.
Тој смета дека се потребни дополнителни проверки кои ќе ги прецизираат овие податоци.
-Потребно е да се направат дополнителни вкрстувсња и проверки на податоците, а за нерезидентното население (иселеници) да се спроведе дополнителен попис, вели Трајанов.
Според него не може да се направи стратегија за развојот на земјата.
-Не може да се направи стратегија.Како ќе направите кога се вметнати државјани кои тука не живеат?, прашува Трајанов.