На конкурсот за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност – организирање на домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер, од вкупно 35 апликации, беа избрани 23 фестивали, односно манифестации кои ќе бидат поддржани од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.
Поддршка од Агенција за филм добија фестивалите: ИФФК Браќа Манаки, Синедејс, Интернационалниот филмски фестивал ОДА, Филозофскиот филмски фестивал (ФФФ), Државниот филмски фестивал, Златна Рамка, Џифони, Beach Film Festival, Камера 300, Киненова, Скопје Филм Фестивал, Македокс, Скопје Синема Сити, Галичник Филм Фестивал, Златно тркало, ЕХО ФЕСТИВАЛ на планински филм и други.
“Драго ми е што полека се враќаме на стариот начин на организирање на најголемите настани од филмската индустрија кај нас. Важно е да се врати жарот и кај организаторите, но и кај публиката која буквално е жедна за ваков тип на настани.” – изјави Директорот на Агенција за филм, Бојан Лазаревски.