Нови 262 случаи на ковид, пријавенo едно починато лице

од Берта Китинска
170 прегледи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.225 тестови, а регистрирани се 262 нови случаја на Ковид-19 од: Скопје – 138, Битола – 25, Кавадарци – 17, Охрид – 15, , Прилеп – 11, Куманово – 8, Делчево – 6, Тетово и Кичево – по 5, Велес, Струмица, Штип и Гевгелија – по 4, Кочани – 3, Гостивар, Ресен, Валандово и Крушево – по 2 и по еден од Сруга, Неготино, Свети Николе Радовиш и Виница.

Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 39 реинфекции.

Во изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Скопје (87) во болнички услови. Кај починатото лице е регистриран коморбидитет.

Во изминатото деноноќие пријавени сe и 326 оздравени пациенти од: Скопје – 188, , Битола – 26, Прилеп – 16, Кавадарци и Охрид – по 15, Велес – 13, Куманово – 12, Кочани – 9, Струмица – 7, Делчево – 6, Кичево и Гевгелија – по 5, Берово – 3 и по еден оздравен од Ресен, Валандово, Крушево, Неготино, Кратово и Пехчево.

Направените 2.225 тестови се преку: ИЈЗ-210, ЦЈЗ Скопје-112, ЦЈЗ Битола-71, ЦЈЗ Прилеп-30, ЦЈЗ Тетово-23, ЦЈЗ Куманово-60, лабораторија болница Козле-18, Институт за микробиологија–183, Жан Митрев (Филип Втори)-50, Авицена-58, Биотек-72, Систина-36, лабораторија Лаор-58, Синлаб-8, Ремедика-15, Плодност-15, Генеа-6, Никоб Лаб-124, ВФВ Медикал-63, Ели Медика Плус-15, Ројал Медика–3, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб–5, Жан Митрев Струмица–5, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 972.

Досега во земјата се направени вкупно 1.962.489 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 305.979, бројот на оздравени пациенти е 294.988, на починати е 9.221, а бројот на активни случаи изнесува 1.770.

Слични содржини