Путин: Западот доби дел од рускиот гас бесплатно

од Nikola Popovski
273 прегледи

Со замрзнување на девизните сметки на Русија, Западот всушност доби дел од рускиот гас бесплатно, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

Тој рече дека Русија ги снабдувала европските потрошувачи со гас, дека тие го платиле во евра, а потоа тие средства биле замрзнати.

„Во тој поглед, постојат сите причини да се верува дека дел од гасот што беше испорачан во Европа практично бесплатно го испорачавме“, рече Путин, пренесува РИА Новости.

Рускиот лидер истакна дека тоа не може да продолжи, наведувајќи дека во случај на понатамошно плаќање за гас според традиционалната шема, може да се блокираат нови финансиски приходи во евра или долари.

„Префрлувањето на плаќањата во рубља со западните купувачи на руски гас ќе ја зајакне финансиската и економската стабилност на земјата“, рече Путин.

Рускиот претседател денеска потпиша декрет според кој „непријателските земји“, како што ги нарекува Москва земјите кои воведоа санкции кон Русија, од утре ќе плаќаат гас со тоа што ќе треба да отвораат сметки во рубљата во руските банки.

Слични содржини