Италијанскиот фудбалер Жоржињо вели дека се уште не може да се помири со се што и се случува на неговата репрезентација.
Италија пред неполна година го освои Европското првенство, а потоа претрпе неколку тешки порази.
Сигурно најтешко беше овој пред неколку дена на мечот со Македонија во полуфиналето од баражот за одење на Светското првенство во Катар.
Жоржињо минатата година беше најдобар играч во изборот на УЕФА, а неговиот тим беше најдобар во Европа. Сега го пропушта второто последователно Светско првенство, поради голот на Александар Трајковски.
-Во животот и фудбалот победувате или губите. Но, има порази кои се поболни од другите. Верувајте ми, мојата тага е поголема отколку што можете да замислите, вели Жоржињо, пренесуваат италијанските медиуми.
-Фудбалот не е само спорт, тоа е училиште на неверојатни вредности, тој ве учи никогаш да не се откажувате, да учите од грешките, да останете обединети во тешките моменти. За мене е голема чест да го носам овој дрес. Учиме да застанеме на нозе.Продолжуваме понатаму моќна Италија“, изјави Жоржињо.