Доминација на Челзи: Жоржињо и Тухел прогласени за најдобри според УЕФА

од Nikola Popovski

Фудбалерот на Челзи, Жоржињо, денеска беше избран за играч на годината во изборот на УЕФА.

Жоржињо минатата сезона ја освои Лигата на шампионите со Челзи, но и Европското првенство со репрезентацијата на Италија.

За најдобар тренер очекувано беше прогласен Томас Тухел од Челзи. Останатите награди им припаднаа на: најдобар напаѓач Ерлинг Хaланд, најдобар дефанзивец Рубен Дијаз, најдобар играч од средниот ред Нголо Канте и најдобар голман Едуард Менди.

Луис Кортес од Барселона е избран за најдобар тренер во женскиот фудбал.

Најдобарка фудбалерка е Алесија Путеjас, исто така од Барселона.

Слични содржини