Милевски се сретна со Петков: Прекуграничната соработка меѓу двете земји е една од најуспешните во регионот

од Nikola Popovski
190 прегледи

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски информира дека денес заедно со премиерот на Бугарија, Кирил Петков и неговиот колега министерот за регионален развој, Гроздан Караџов им се обратиле на градоначалниците од С. Македонија и Бугарија, кои се дел од програмата за прекугранична соработка.

„Прекуграничната соработка меѓу двете земји има свој континуитет и е една од најуспешните во регионот со целосна, стопроцентна реализација на средствата од Европската Унија. Во вториот ИПА Програмски период реализиравме 73 заеднички во вкупна вредност од 20 милиони евра“, рече Милевски.

Според него, соработката помеѓу општините е важна за севкупните добрососетски односи.

„Не зборуваме за политика, тука за имплементација на конкретни проекти“, нагласил Милевски.

На состанокот, како што соопштија од кабинетот на Милевски, се разговарало за новата ИПА Програма за прекугранична соработка помеѓу двете држави, финансирана од Европската Унија, како и за доизградбата и отворањето на граничниот премин „Клепало“, исто така, преку поддршка од ИПА.

Слични содржини