Полицијата информира дека вработена во експозитура на банка во Центар вчера пријавила дека нејзин колега физички ја нападнал на работното место.
-На 30.03.2022 во 14.40 часот во Полициската станица Центар, Л.Ѓ.(56) од Скопје пријавила дека околу 13.50 часот на нејзиното работно место во банка на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, била физички нападната од колегата И.И.(61), велат од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од МВР.