Џамбаски: Петков ќе го тргне ветото за Македонија на 24. мај

од Nikola Popovski
310 прегледи

Официјалните податоци од пописот во Република Северна Македонија се целосен фалсификат. Само јас знам повеќе од објавените 3504 Бугари во Македонија, вака бугарскиот европратеник и копретседател на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски ги коментира пописните резултати во Македонија.

Тој изјавил дека „продолжува надворешниот притисок врз нивната земја да даде зелено светло за европско членство на Северна Македонија, што е целосно неприфатливо поради антибугарската политика на Скопје“.

Џамбаски ја предупредил бугарската влада и премиерот Кирил Петков дека ќе бидат сменети ако го направат ова, како што рече, „предавство“.

-Според нашите информации, на 24 мај ќе има заедничко чествување на светите браќа Кирил и Методиј на гробот на свети Кирил во Рим, каде Кирил Петков ќе го објави почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија за членство во ЕУ, предвидува европратеникот.

Џамбаски го искажал својот став за руската агресија во Украина и смета дека повиците за неутралност во суштина се поддршка за Русија.

-Ги разбирам пацифистичките чувства на бугарските граѓани, но нормалното човечко чувство е да се поддржуваат и помагаат слабите и нападнатите. Во Бугарија постои благодарност за улогата на Руската империја во ослободувањето на Бугарија од турското ропство, што е неспорно, но нема допирни точки тогашната Русија и денешнаат Руска Федерација, изјавил Џамбазки во интервју за едно бугарско радио.

Слични содржини