Тодоров: Преговорите со ЕУ не зависат од Историската комисија, ние не сме матичари

од Nikola Popovski
320 прегледи

Соопштението од МНР го усогласуваат членовите на Комисијата, бидејќи ние како членови и односи со јавност можеме да го правиме тоа со гостувања по емисии и други прилики. Можам да кажам дека навистина разговорите во Комисијата на оваа средба и претходната средба во многу се разликуваат од разговорите од минатото. Ние како историчари почнуваме повеќе да си ги уважуваме мислењата и тоа е многу добар момент. Утврдивме дека имаме различни гледања. Има конструктивна атмосфера и подобра комуникација, вели македонскиот член на Мешовитата историска комисија, Петар Тодоров во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител.

Според него, политичарите имаат свој начин на комуникација и како гледаат на работите.

-Ние гледаме различно. Не може да се очекува ние да решаваме политички прашања. Преговорите со ЕУ не зависат од нас. Комисијата само може да даде експертско мислење во врска со историјата и образованието. Ние само помагаме и тука завршува нашата улога. Ние даваме препораки до Владата и министерството за образование и тие одлучуваат за тоа што ќе пишува во учебниците. Членовите на Комисијата само укажуваат каде има недостатоци и структурни проблеми и тука завршува нашата работа, потенцира Тодоров.

Историчарот појаснува дека цар Самоил во однос на заедничкото чествување е одамна завршена работа.

-Тоа е претходно одлучено. Моментално зборуваме за неговиот лик и дело во учебниците. Наша работа не е да не бидеме матичари и да одредуваме националности, додава Тодоров.

 

Слични содржини