Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин. Како што е соопштено од кабинетот на претседателот на Турција, Ердоган и Путин разговарале за средбата на преговарачките тимови на Русија и Украина, која се одржа во вторник во Истанбул.
Ердоган рече дека позитивната и конструктивна средба на делегациите на Русија и Украина во Истанбул буди надежи за мир.
Истакнувајќи дека е важно страните да се однесуваат разумно и да одржуваат дијалог, Ердоган рече дека со организирање на средба меѓу рускиот претседател Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, тие сакаат да ги крунисаат мировните напори што ги преземаат.
Во телефонскиот разговор со Путин, Ердоган го повторил предлогот Турција да биде домаќин на средба на лидерите на Украина и Русија.
Путин му се заблагодари и на Ердоган што беше домаќин на состанокот на руските и украинските преговарачки тимови во Истанбул.