Бројките на новозаразени дневно се движ до триста лица на дневно ниво.Надлежните велат дека иако ситуацијата е посмирена се уште не е време маските да се тргнат.
-Постојано повикувам на масовна вакцинација. Ковидот ќе трае и уште ќе трае и ќе биде дел од нас. Треба да научиме како да работиме со ковид. Има одредени држави каде позитивни со болеста одат на работа. Преземаме мерки за пост-ковид периодот како министерство преку набавка на опрема за да се справиме со последиците и го спремаме кадарот, вели министерот за здравство, Беким Сали во гостувањето на емисијата „Вин-вин“.
Здравствените власти апелираат граѓаните да се вакцинираат со цел да се заштитат од тешки форма на болеста, хоспитализација и смрт поради инфекција со ковид-19.
Караванот за вакцинирање против ковид-19 денеска ќе биде во Кичево, а ќе заврши утре во Струга.
Во рамки на караванот, како што соопшти вчера Министерството за здравство, се остварени посети на вкупно 14 градски и рурални подрачја низ целата држава.
Караванот за заштита од ковид-19 што го спроведува Министерството за здравство со поддршка од УСАИД, Светската здравствена организација и УНИЦЕФ почна во Шуто Оризари. Покрај активностите организирани во рамки на караванот за вакцинирање, граѓаните може да се вакцинираат и во најблиските здравствени домови секој работен ден од 8 до 14 часот. Пунктот за вакцинирање во Поликлиника Букурешт во Скопје е отворен до 20 часот од понеделник до петок, стои во соопштението.