306
Овој попис е срамота и ние не го признаваме и тој што го спровел треба кривично да одговара , вели Самка Ибраимовски, претседател на ПЦЕР во гостувањето во емисијата „Стадион“ на Канал 77 тој најави нов попис кој од куќа на куќа ќе го спроведат Ромите во Македонија.
– Ромите имаат најголем наталитет а пописните бројки покажуваат дека они во нашата држава само умирале а не се раѓале. Ние ќе се жалиме до странските амбасади до Брисел и Вашингтон и наскоро ќе започнема операција во која што ќе докажеме дека овој попис е фалисификуван и дека Ромите наместо реално да бидат над 7 проценти како трет по број етникум во државата , се катастрофално оштетени, вели Ибраимовски.