Паштета од печурки
400 гр шампињони
2 чешниња лук
100 гр ореви
50 гр посен мајонез
1 лажица маслиново масло
1 кромид
сок од половина лимон
бибер
Подготовка:
Кромидот ситно се сечка, па се динста на маслиново масло. Потоа додадете го издробениот лук и сечканите печурки. Кога водата од печурките ќе зоврие, тргнете ја од оган и оставете да се излади. Во сува тава испечете ги оревите бидејќи така ќе добијат посебен вкус. Во блендер ставете ги печурките со кромид, ореви, магдонос, сол, бибер, сок од лимон и посен мајонез, па оставете целосно да се излади во фрижидер.