Претседателот и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Александар Николоски, беа во Будимпешта, каде ги следат резултатите од парламентарните избори во оваа земја, соопшти Мицкоски на Фејсбук.
„На покана на нашиот голем пријател и пријател на Македонија, Orbán Viktor, денес заедно со потпретседателот Aleksandar Nikoloski ги чекаме резултатите од парламентарните избори во Унгарија, во изборниот штаб на Fidesz. Очекуваме нова, четврта по ред победа за Fidesz и нов четврти по ред премиерски мандат на Виктор Орбан!“. напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во објавата на Фејсбук.
Унгарската десничарска партија Фидес на премиерот Виктор Орбан убедливо победи на денешните парламентарни избори, покажуваат првите резултати.
Коалицијата на Орбан освои 57 отсто од гласовите, а проевропската опозициска коалиција Обединети за Унгарија освои 31 отсто, соопшти Државната изборна комисија, по изброени 43 отсто од гласовите.