Благодарение на тоа што Данил Медведев не влезе во полуфиналето на Мастерсот во Мајами, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и овој понеделник го задржа првото место на АТП листата!
Ѓоковиќ не настапи на американската турнеја и годинава играше само во Дубаи, а при последниот рез на крајот има само 10 поени повеќе од Русинот – 8.420 наспроти 8.410.
Русинот, пак, најави дека оди на операција на кила и ќе ја пропушти сезоната на земјена подлога, не сметајќи го Ролан Гарос, кој се уште е под знак прашалник. Тоа значи дека Медведев во меѓувреме ќе загуби 790 поени, а Новак во наредниот период ќе треба да одбрани 840.
Она што му треба на Ѓоковиќ за да го задржи првото место на АТП листата до Ролан Гарос е да ја освои титулата на Србија опен што се игра на крајот на април и да стигне барем до финалето на сите три Мастерси (Монте Карло, Мадрид, Рим).
Во меѓувреме Александар Зверев го престигна Рафаел Надал на третата позиција, Стефанос Циципас е на петтата, Матео Беретини на шестата, а во ТОП 10 гледаме како Каспер Руд скокна едно место и сега е 7-ми пред Андреј Рубљов. Феликс Оже-Алиасим остана на 9-то место, а Камерон Нори се проби на 10-то место, „скокајќи“ за две места.