Премиерот Димитар Ковачевски на својот Твитер профил објави дека е шокиран од злосторствата кои руските воени сили ги извршиле во украинските градови.
-Шокирани сме од снимките од ослободените градови во Украина како Буча и злосторствата извршени од руските инвазиски сили. Насилството врз цивилите мора да запре веднаш а извршителите и наредбодавачите на овие злосторства мора да бидат изнесени пред лицето на правдата!, напиша Ковачевски.
Шокирани сме од снимките од ослободените градови во Украина како Буча и злосторствата извршени од руските инвазиски сили. Насилството врз цивилите мора да запре веднаш а извршителите и наредбодавачите на овие злосторства мора да бидат изнесени пред лицето на правдата!
— Dimitar Kovachevski (@DKovachevski) April 4, 2022