Шефот на ПСЖ инсистира финалето на Лигата на шампионите да биде како „Супербол“

од Vladimir Zorba
274 прегледи

Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал Калаифи е на мислење дека финалето во Лигата на шампионите заслужува да стане многу позначаен настан во спортскиот календар.

„Овој натпревар треба да се чувствува „голем како „Супербол“, рече катарскиот шеф во интервју за Атлетик.

„Не разбирам зошто „Суперболот“ треба да биде поважен настан од финалето на Лигата на шампионите. За самиот „Супербол“, и во Соединетите Држави како целина, луѓето го имаат ова креативно размислување во име на создавање шоу. Јас предложив такво нешто да биде присутно и овде, со оглед на церемонијата пред самата средба“, рече Ал Келаифи.

Тој додаде дека има идеја освојувачот на трофејот во Лигата на шампионите да ја започне новата сезона на турнирот со демонстративен натпревар против силен противник. „Ова можеби не е добар предлог, но барем да се обидеме да ја промениме моменталната ситуација. Секој натпревар треба да стане настан и настап“, заклучи Ал Калаифи.

Директорот на ПСЖ е против европската Суперлига и поради оваа причина инсистира на промени во Лигата на шампионите за да ја направи поатрактивна.

Слични содржини