„Решението на комисијата за Гоце Делчев веројатно ќе биде клучно за нашите односи со Северна Македонија, вели за „бТВ“ бугарскиот историчар и професор Наум Кајчев, член на Мешовитата историска комисија.
„Таму историските извори се повеќе од јасни. Станува збор за многу прагматична и рационална одлука на политичката и интелектуалната елита на Северна Македонија да оди напред“, рече Кајчев.
„За цар Самуил имаме одредена конвергенција на ставови, но важно е целиот пакет на средновековната историја да биде затворен. Историјата е основата од која произлегуваат други проблеми“, додаде историчарот.
На прашањето дали има руско влијание врз разговорите со Македонија, Каајчев рече дека тоа е можно.
„За Русија би било поволно да има една Северна Македонија, која е поблиску до Србија, а оттаму поблиску до Унгарија. Таквите земји би правеле неволји и во ЕУ“, додаде Каајчев.