Николовски: Изготвен е Национален план за производство на храна

од Nikola Popovski
201 прегледи

Министерот за земјоделство и шумарство, Љупчо Николовски информира дека врз основа на бројни анализи, и средби со земјоделците изготвен е „Национален план за производство на храна“ преку кој се обезбедени дополнителни мерки за имаме одржливо и зголемено производство.

Според министерот, со тоа ссе зголемува поддршката за набавка на вештачки ѓубрива за пченица на 4.000 денари по хектар.

-Сите земјоделци коишто ќе остварат минимум 4.000 килограми приноси по хектар пченица, ќе добијат дополнителна субвенција од 5.760 денари по хектар. Ја следиме состојбата со производството на пченица, и преку зголемена финансиска поддршка ги мотивираме земјоделците,со што придонесуваме кон зголемување на домашното производство, изјави Николовски од пред Владата.

Слични содржини