Селмани: Дебатата околу пописот треба да биде што ни се случи во овие 20 години

од Nikola Popovski
315 прегледи

Сите треба да нѐ радува фактот дека после 20 години се попишавме. Маани, недостатоци и коментари секогаш ќе најдеме. Бројките се тие, попишаните се тие, имаме информации дека фокусот на јавноста последната година дена беше кон пописната комисија и што ќе се случи и дали воопшто ќе успееме да спроведеме попис. Тој беше во тешки околности и покомплицирани отколку во 2011 година, вели поранешниот министер за здравство, Имер Селмани во емисијата „24 анализа“.

Според него, дебатата треба да биде во бројките што се случило во овие 20 години, каде се наоѓаме и каде не носат овие сите податоци.

-Првпат после независноста имаме најинклузивен попис, што значи дека првпат со закон се попишуваа и резидентното и нерезидентното население, што е квалитативна разлика во однос на другите пописи. Секаде во светот е статистичка, за жал кај нас има и политички импликации. Оттука ценам дека и дебатите после резултатите се поради политичките права и импликациите што нашиот Устав ги содржи, додава Селмани.

Слични содржини