Случајот на Ерик Абидал доби нова епизода, бидејќи се појави лекарски извештај кој покажува дека нема роднинска врска меѓу него и Жерар Арманд.
Така пишува „El Confidential“, а пренесуваат „Фигаро“ и „Марка“. Според тоа, Арманд не можел да го донира својот црн дроб во 2012 година, додека Абидал боледувал од рак на црниот дроб.
Трансплантацијата на овој орган му го спасила животот, па Абидал подоцна успеал да му се врати на фудбалот и да одигра уште една сезона во Монако и кратка епизода во Олимпијакос пред да се пензионира во 2014 година.
Некогаш познатиот француски фудбалер и ас на Барселона е под сомнение дека не добил орган од роднина, туку дека бил дел од меѓународна организирана мрежа за трговија со органи.
Затоа, во 2017 година е отворена истрага по барање на Јавното обвинителство, но и на Националната организација за трансплантација.
Истрагата била затворена во 2018 година поради недостиг на докази, но потоа била повторно покрената врз основа на снимките од прислушување.
Eric Abidal dans la tourmente suite à sa greffe du foie, le donneur ne serait pas son cousin
➡️ https://t.co/d0GMUl1T4y pic.twitter.com/wnSyvUdSlk— Le Parisien | sport (@leparisiensport) April 4, 2022
Се верува дека органот е незаконски добиен, што го негираа Абидал и Барселона, тврдејќи дека црниот дроб до него стигнал преку легални канали.
Инаку, во Барселона тогаш претседател беше Сандро Росељ, кој исто така е под истрага заедно со поранешниот директор Хуан Кастиљо, поради наводна нелегална трговија со органи.
Фото: David Ramos