Димовски: Ние сме аполитични, седиме и со опозиција и со позиција

од Берта Китинска
293 прегледи

Со порастот на минималната плата треба да се усогласат сите плати. Сега на ред се гранковите синдикати кои бараат тоа зголемување да се спроведе. За тоа скалесто зголемување треба да се испреговара со работодавачите, вели Дарко Димовски, претседател на Сојуз на синдикати на Македонија за Утрински брифинг.

Toj појаснува дека според законот, работодавачите се должни усогласувањето да го спроведат во рок од 6 месеци. Димовски вели дека во континуитет се разговара меѓу социјалните партнери и заклучокот на ССМ е предлогот да се покачи платата линеарно. Односно ако на најниската плата има покачување од 2.800 денари тогаш на сите да им се покачи платата на 2.800 денари, објаснува Димовски додавајќи дека тоа за оваа година би било издржливо.

-Можам да кажам дека на 7 и 8 април УПОЗ ќе имаат штрајк, а денес ќе имаме пред конференција со синдикатот на Пошта чиишто плати се несоодветни односно има урамниловка на платите само со зголемувањето на минималната плата. Околу 3,6 милиони евра би бил трошокот на Владата за зголемување на платите на јавната администрација, вели Димовски.

ССМ во новиот состав сѐ што бара е она што се синдикални преговори во полза на работниците за она што ни следува како на работници.

-Кај нас нема расипани работи, а тоа другата страна во преговорите го препознава. Ние сме аполитични, седиме и со опозиција и со позиција. Ние работиме праволиниски во полза на работникот. Не повикуваме на поврзување со никоја политичка партија, вели Димовски.

Слични содржини