Засилена акција на полицијата се казнуваат несовесни возачи

од Берта Китинска
381 прегледи

Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера повторно имаше засилена акција на територијата на Град Скопје.

Полицијата изрече вкупно 185 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 41 санкција, пет мерки за возење под дејство на алкохол, 13 санкции за возење без возачка дозвола, четири мерки за возач почетник.

Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.