Влада за случајот со Тупанчевски: Откако ќе бидат разгледани фактите, ќе биде постапено во согласност со етичкиот кодекс

од Берта Китинска
426 прегледи

Откако ќе бидат разгледани сите информации и факти, ќе биде постапено во согласност со Кодексот за етичко однесување, велат од Влада во изјава за „Локално“, откако министерот за правда Никола Тупанчевски призна дека не ја платил карата за чартер-летот до Палермо каде македонската фудбалска репрезентација играше против Италија.

Министрерот во изјава за А1.он кажа дека не платил ниту за влез во стадионот каде се одржуваше натпреварот, бидејќи тоа одело на сметка на Фудбласката федерација на Македонија (ФФМ), појанувајќи дека не го прекршил Етичкиот кодекс, во кој има наведено до колку пари и под какви услови може да се примаат подароци.

Министерот пред неколку дена тврдеше дека билетот и авионската карта сам ги платил.