Руската дијаспора во Србија бара потврда дека нема да бидат депортирани доколку се против војната

од Nikola Popovski
279 прегледи

Членовите на неформалната група на руската, украинската и белоруската дијаспора во Србија побараа од српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин да потврди дека руските државјани не можат да бидат подложени на вонсудска депортација или екстрадиција за зборови и дела кои не се казниви според српскиот закон.

„Ве молам, господине министре, потврдите дека во согласност со Уставот, законите и меѓународните договори на Србија, граѓаните на Русија кои се на територијата на Србија имаат право на слобода на говор и собирање, а исто така не можат да бидат подложени на вонсудски депортација или екстрадиција за зборови и дела кои не се казниви според законите на Србија“, му напишаа на министерот Вулин членовите на неофицијалната организација „Руси, Украинци, Белоруси и Срби заедно против војната“.

Според отвореното писмо доставено до медиумите, причина за обраќањето се неодамнешните објави на социјалните мрежи дека припадниците на руската дијаспора во Србија кои јавно изразуваат мислење кое се разликува од официјалниот став на руските власти за украинската војна наводно ќе бидат депортирани по итна постапка.

„Се сомневаме дека ваквата изјава, која јасно има за цел да ги заплаши членовите на нашата дијаспора и да ги спречи да зборуваат и да ги изразат своите лични ставови, е лажна и претставува клевета против вас лично“, стои во писмото до Вулин потпишано од повеќе од 50 членови на неофицијалната група на руската, украинската и белоруската дијаспора во Србија.

Групата организираше митинг за поддршка на Украина во центарот на Белград кон крајот на март, барајќи од српските власти и медиуми да се воздржат од ширење лажни и непроверени информации и јасно и недвосмислено да ја осудат руската агресија врз Украина.