Унгарија испраќа 29 полицајци во Македонија

од Nikola Popovski
336 прегледи

Унгарската полиција испратила свои припадници во Србија и Македонија за да им помогнат на локалните сили да ја заштитат границата.

Во Србија се испратени 10 припадници на полицијата, а во Македонија е испратена единица од 29 полицајци, објавено е на веб-страницата на унгарската полиција, пренесува МТИ.

Унгарските полицајци главно ќе патролираат на границата за да спречат и истражат нелегални гранични премини и ќе соработуваат со локалните сили во апсењето на шверцери и илегални мигранти, се додава во соопштението.

Слични содржини