Европа и САД протераа повеќе од 250 руски дипломати

од Nikola Popovski
334 прегледи

Од почетокот на специјалната операција во Украина, западните земји протераа повеќе од 250 руски дипломати.

По денови:

5 април-Италија протера 30, Данска 15, Шведска 3, Словенија 33;

4 април-Франција протера околу 30 руски дипломати, Германија, според пишувањата на медиумите 40. Литванија и Латвија го намалуваат нивото на дипломатските односи со Русија и отповикување на амбасадорите од Москва, односно руските амбасадори треба да ги напуштат Рига и Вилнус.

29 март-Холандија протера 17 дипломати, Белгија 21, Ирска 4, а Чешката Република 1 дипломат;

На 28 март Северна Македонија протера 5 дипломати;

Полска протера 45 дипломати на 23 март;

18 март-Бугарија протера 10 руски дипломати, Литванија 4, Естонија 3, Латвија 3;

14 март-Словачка протера 3 дипломати;

4 март-Црна Гора протера 1 дипломат;

2 март-Бугарија протера 2 дипломати;

На 28 февруари, САД протераа 12 дипломати од руската мисија во ОН;

На 24 февруари, САД го протераа советникот на рускиот пратеник – вториот најважен дипломат по амбасадорот.

Специјалната воена операција на Русија во Украина започна на 24 февруари. Во Мариупол и Донбас се водат жестоки борби. Претседателот Владимир Путин нејзината цел ја нарече „заштита на луѓето кои осум години биле изложени на малтретирање и геноцид од режимот во Киев“. За тоа, според него, се планира да се изврши „демилитаризација и денацификација на Украина“, да се изведат пред лицето на правдата сите воени злосторници одговорни за „крвавите злосторства над цивилите“ во Донбас.

Слични содржини