340
Херојот за Манчестер Сити во победата од 1-0 над Атлетико Мадрид во првото четвртфинале од Лигата на шампионите, Кевин Де Бруин го изрази своето задоволство од победата.
„Ни беше многу тешко во првото полувреме, но по паузата имавме добри ситуации и добро беше што успеавме да ја искористиме. Беше многу тешко. Атлетико играше со пет во одбраната и пет во средниот ред. Ги советувам сите што сакаат да не критикуваат за играта да излезат против Атлетико, дури и на тренинг. Сега мораме да останеме смирени и да не им даваме можности на реваншот. Не очекувам дека натпреварот ќе биде многу поинаков. Тие едноставно играат така. Но, ќе мора почесто да напаѓаат“, изјави Белгиецот по синоќешната победа.