Колку пати во текот на денот или неделата ја слушате фразата „здрава храна“? Веруваме дека во тој момент помислувате на грст овошје, зеленчук, смути, протеини, јаткасти плодови и секако правила кои „мора“ да се почитуваат.
Постојат многу теории за тоа како лесно да изгубите тежина и да одржите идеална тежина. Сепак, многу од овие теории не се навистина вистинити и претставуваат само митови во кои многумина неоправдано веруваат.
Многумина од нас се трудат да живеат поздрав живот и да консумираат повеќе здрава храна. Меѓутоа, во некои случаи тие прават многу грешки.
Иако сме свесни за проблемите на исхраната и културата на исхрана, често не е лесно да го подобриме нашиот однос кон храната, особено ако постојано сме убедени дека одредени навики се здрави.
Затоа издвоивме четири најчести митови за поздрава храна во кои многумина веруваат.
1. Треба да јадете само кога сте гладни
Треба да јадете обилен појадок и четири помали оброци. Редовните оброци се гаранција за правилен метаболизам. Затоа, не прескокнувајте оброци и не чекајте да гладувате за да јадете, бидејќи во тој случај има поголеми шанси за прејадување.
2. Храната после 20 часот е забранета
Пред да ја затворите вратата од вашата кујна во 20 часот, знајте дека јадењето пред спиење не е она што предизвикува дебелеење. Ако вашето тело троши повеќе енергија или калории отколку што сте јаделе тој ден, грицкањето пред спиење не е воопшто лоша работа, па дури може да ви помогне да го стабилизирате шеќерот во крвта.
3. Јаглехидратите се непријатели
Верувале или не, на нашето тело му се потребни јаглехидрати за да функционира правилно, особено ако имаме активен животен стил. Иако некои диети промовираат исфрлање на јаглехидратите од исхраната за брзо слабеење, тоа не е добар избор, бидејќи на овој начин губите само течност од телото, па сте полесни, но не ги топите масните наслаги.
Сепак, пред да ставите полн сад со тестенини пред себе, знајте дека клучот за витка линија и здравје е во умереноста.
4. Храната без маснотии е поздрава
Луѓето кои сакаат да ослабат генерално се држат до немрсна храна, која може да има многу повеќе калории од „обичната“ храна. Размислете, кога ќе ги отстраните мастите кои го прават вкусот на храната, мора да ја замените со нешто. Таквата храна содржи и помалку витамини и помалку здрави хранливи материи.