Џафери: Не штитам никого

од Берта Китинска
268 прегледи

Талат Џафери, како човек, пратеник или претседател на Собранието, ниту штити, ниту ќе штити некого за кого надлежните органи и институции ќе констатираат дека имаат одговорност за случувањата на тие два настани, вели претседателот на Собранието Талат Џафери кој тврди дека со одлуката да ја откаже седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните што ја закажал нејзиниот претседател Халил Снопче, а на чиј дневен ред била точки за состојбите во Министерството за одбрана, за пожарот во модуларната болница и автобуската несреќа во Бугарија, не штити никого, туку таквата одлука ја донел затоа што нејзиното закажување не било деловничко.

–Злоупотребата е во фактот што под превезот на информацијата на Мухаедин Бела кој пред јавноста е прикажан како граѓанин, да тој е граѓанин, но треба да се знае дека е и офицер на Армијата, актуелен полковник и неговото лично незадоволство поради тоа што не бил унапреден во повисок генералски чин прави информација, неовластено, за состојбата во МО имајќи предвид дека како вработен не може да дава информации за состојбите во таа институција, рече Џафери.

Слични содржини