САД: Путин би можел повторно да го нападне Киев

од Nikola Popovski
305 прегледи

Неодамнешната стратешка промена на Русија можеби не значи дека претседателот Владимир Путин се откажал од обидот да го заземе украинскиот главен град Киев, велат американски и западни официјални лица.

„Путин е подготвен да започне нова брутална офанзива во регионот на Донбас во источна Украина. Повторно ќе бидат вооружени, бидејќи потрошија многу муниција и ќе бидат наполнети со гориво и се што им треба, за да започнат нова голема офанзива“, изјавил генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пренесе Си-Ен-Ен.

Долгорочните цели на Путин се нејасни, според висок функционер во одбраната, но американските и европските функционери изјавија за Си-Ен-Ен дека сè уште е можна повторна инвазија на областа Киев, и покрај стратешката промена на Русија и тековните разговори со Украина.

„Со цел да се заштити која било територија што ја окупира на исток, очекуваме дека Русија потенцијално би можела да ја прошири својата проекција и присуство уште подлабоко во Украина, надвор од провинциите Луганск и Доњецк. Тоа е нивната намера и нивниот план“, изјави американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан.

САД очекуваат Русија да продолжи со воздушните и ракетните напади низ Украина, вклучувајќи ги градовите Киев, Одеса, Харков и Лавов, додаде Саливан.

„Целта на Русија, на крајот, е да ја ослаби Украина што е можно повеќе“, рече тој.