Дресот што го носеше легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона кога постигна два гола против Англија во четвртфиналето на Светското првенство во Мексико во 1986 година, ќе биде понуден на аукцијата на аукциската куќа Сотби.
Дресот ќе се најде на аукциската понуда од 20 април до 4 мај, а почетната цена е 4.000.000 фунти.
Сопственик на дресот е поранешниот играч за врска на англиската репрезентација, Стив Хоџ, кој на крајот од натпреварот го замени дресот со Марадона.
Победата на Аргентина од 2-1 во четвртфиналето на Мундијалот во Мексико е една од најконтроверзните во историјата на Мундијалите, бидејќи судијата го призна голот на Марадона што го постигна со рака.
The shirt worn by Diego #Maradona when he scored his infamous goal against #England at the 1986 World Cup is set to be sold for £4 million. The Argentina jersey is being sold by Steve Hodge, the England player who swapped shirts with the Argentinian following the match in Mexico. pic.twitter.com/pIJwCS5zpl
— KUWAIT TIMES (@kuwaittimesnews) April 6, 2022