За утре и во петок закажавме од 10 до 12 предупревачки прекин во работниот процес. Го крстивме на тој начин за да покажеме дека администрацијата и правосудството се тука, иако се игнорирани во последните години. Како вработени сме оставени на цедило и заборавени. Од цел јавен сектор, скоро сите добиваа големи зголемувања на платите, освен во управата и правосудството. Последното зголемување беше од 5% во 2018, вели Трпе Деаноски од УПОЗ во пресрет на најавениот штрајк.
Според него, платите се сите под просекот на државата.
-Раководител на одделение моментално е под просекот во државата, минималната плата на референтните не се исплати, скоро никој не доби 18.000, а согласно законите за платите, тоа не смее да се случи. Ете тоа се случува кај нас, рече Деаноски.
Тој посочува дека Законот за минимална плата важи за сите вработени.
-Единствени кои земаа под минимална плата беа државните службеници. Тоа важи и сега. Министерството за финансии самото на своите вработени им исплати плата под минималната. Не може државата сама на себе да не дава минимална плата, а да ги казнува работодавачите од приватниот сектор, додава Деаноски.