Прв случај на НОВИОТ СОЈ НА КОРОНА во Индија, СЗО предупредува

од Nikola Popovski
290 прегледи

Во Индија е откриен првиот случај на новиот сој на коронавирус под името XE, поточно во градот Мумбаи, соопшти тамошната Општинска управа.

Откриен е и еден случај на сојoот Капа (првпат откриен во Индија во 2020 година), а индискиот медиум NDTV јавува дека пациентите со новиот сој сè уште немаат сериозни симптоми.

Светската здравствена организација минатата недела соопшти дека новиот мутиран сој XE може да биде позаразен од кој било претходен.

Овој сој беше откриен на почетокот на 2022 година, а британската здравствена агенција на 3 април објави дека XE првпат бил откриен на 19 јануари, а оттогаш во Велика Британија се откриени 637 случаи.

XE е „рекомбинантен“ и мутацијата е на подсојевите на омикрон BA.1 и BA.2. Рекомбинантните мутации се јавуваат кога пациентот е инфициран со повеќе видови на ковид. Соевите потоа го мешаат генетскиот материјал за време на репликацијата и формираат нов сој, објаснуваат британските експерти во документот објавен во „British Medical Journal“.

Слични содржини