Спасовски: Структури кои беа против зачленувањето во НАТО, работат и против договор со Бугарија

од Nikola Popovski
202 прегледи

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера синоќа информираше дека сите обиди за попречување на процесот со Бугарија, ќе завршат како оние пред членството во НАТО.

Според него, слични структури кои беа против зачленувањето на Северна Македонија во НАТО, се и против постигнување на договор со Бугарија.

-Нормално постојат и такви коишто работат на целосно кочење на постигнување на каков било договор со Бугарија. Затоа би оставил тоа службите да го одработат на соодветен начин заедно со сите оние којшто се вклучени во процесот. За нас е многу важно ние да имаме отворен дијалог и принципиелен дијалог со Република Бугарија. Принципиелен дијалог што значи дека ги штитиме нашите национални македонски интереси и притоа да бидеме подготвени да постигнеме компромис којшто ќе значи отворање на вратите за Северна Македонија, за перспективите ЕУ и нашето членство, изјави Спасовски.

Спасовски појасни дека многу механизми од т.н. хибридна војна која што се водеше и за време на почетокот на пристапното членство во НАТО, преку разно разни објави на лажни вести, на дезинформации, се водат и денес.

-Сето тоа е еден комплекс на активности кои што се преземаат и во овој домен, вели Спасовски.

Слични содржини