364
МВР информира дека во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.И.(28) од Скопје.
-При претрес извршен по наредба добиена од Основен кривичен суд Скопје, во домот кај Ј.И. на подрачјето на Бит Пазар, биле пронајдени кокаин, две дигитални ваги и четири куршуми.
Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопштија од полицијата.