Миле Јовановски: Вакви казни може само во Македонија

од Nikola Popovski
274 прегледи

Дефинитивно денес умре правдата во Македонија, дефинитивно умрено е обвинителството на госпоѓица Руковска. Денеска одмазднички пресуди, без никакви докази, како што им одговара. Македонија нема правда. Нека не чека македонската и албанската јавноста. Правдата е умрена, изјави Миле Јовановски, татко на првообвинетиот Бојан Јовановски.

Јовановски на прашањето дали ќе се жали на пресудата, рече: „Како ќе каже адвокатот, така ќе правам“.

-Тоа се зборови на Вилма Русковска. Бојан им изнесе докази од неговиот мобилен телефон за кој што немаат одговори. Дон Зоран Заев бил запознаен, само се кријат. Вакви казни може само во Македонија. Ни во Занзибар не може вака да се суди, рече Јовановски после пресудите во „Меѓународен сојуз“.

Миле Јовановски доби условна казна од две години.

Слични содржини