Таткото на Боки-13: Се плашам за животот на син ми

од Nikola Popovski

Миле Јовановски, татко на осудениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски (Боки 13) во интервју за А1.он вели дека не знае каде завршила фамозната торба „Луј Витон“ и дека тој воопшто ја нема видено. Јовановски вели дека чантата не завршила во неговиот дом.

„Двапати имаше претрес со мојот дом, земени се и снимките од камерите. Кај мене немаше ништо. Јас прв ќе кажев ако имаше торба. Ќе ја цитирам Русковска која рече „Јас претпоставувам дека торбата завршила во домот на неговите родители“. Тоа е нонсенс. Срамота е тоа да го изјави еден обвинител“, кажа Јовановски.

Јовановски тврди и дека неговиот син добивал закани во затворот, како и дека тој се плаши за неговиот живот.

Слични содржини