Мицкоски спремен да разговара за отстранување на фразата „20 проценти“ од Уставот

од Берта Китинска
197 прегледи

Најголемата македонска опозициска партија е подготвена да зборува за отстранување на фразата „20 проценти“ од Уставот, која де-факто се однесува на Албанците и заедно со другите уставни категории што произлегуваат од Охридскиот договор. Ова лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го најави во интервју за емисијата „Патот кон“ на Алсат, додавајќи дека е време да се гради граѓанска држава, без квоти по етничка основа.

Мицкоски додаде дека за она што цени дека треба да се оди во јавна дебата е дали се уште ќе се зборува за проценти и дали се уште ќе се зборува за колективни права врз основа на проценти.

„Дали некој не мисли дека тие проценти го надминале своето време и својата употреба кога тогаш требало да бидат наметнати? И дали можеби сега треба да зборуваме за едно поинакво општество? А, тоа е општество на квалитет, општество на компетенции, јас сакам за тоа да зборувам. Инаку да, ако зборуваме за статистика во Македонија, зборуваме само исклучиво за резидентно население“, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека Македонија треба да се развива не врз основа на проценти туку врз основа на знаење и способности.