ЕУ пушта дополнителни 500 милиони евра за оружје за Украина

од Vladimir Zorba
306 прегледи

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во четвртокот го поддржа предлогот за ослободување дополнителни 500 милиони евра за испорака на оружје за Украина.

„Откако ќе се одобри, ќе изнесува до 1,5 милијарди евра поддршка од ЕУ, со тоа што е веќе обезбедено за воена опрема за Украина“, рече Мишел на Твитер, заблагодарувајќи му се на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел за предлагањето дополнителни средства. Предлогот во четвртокот го договорија 27 земји од ЕУ на ниво на амбасадори, пренесe The Guardian.

Канада, пак, преку Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе и стави на располагање на Украина милијарда канадски долари или околу 800 милиони американски долари, според најновиот федерален буџет објавен од либералната влада во Отава, пренесe Би-Би-Си.

Во буџетот ќе бидат доделени и 500 милиони канадски долари (400 милиони американски долари) во воени придонеси за Украина.

„Оваа поддршка ќе помогне да се одговори на хуманитарната криза и да се осигура дека украинската влада може да продолжи да ги обезбедува основните услуги“, се вели во соопштението.

Слични содржини