Литванската пливачка Рута Мелуитите испрати поддршка до украинскиот народ.
Поранешната олимписка шампионка, која на 15-годишна возраст триумфираше на 100 метри градно на Олимписките игри во Лондон, објави чудно видео на социјалната мрежа Твитер.
Таа пливаше пред руската амбасада во Литванија, каде што езерцето беше обоено во еколошка црвена боја во знак на сеќавање на крвавата смрт на Украинците по руската инвазија на нивната земја.
Покрај видеото, Меилутите објави и серија фотографии со пораки, од кои на едната пишува „Путин, Хаг те чека“.
Swimming Through
The performance “Swimming Through” is a call for action in support of the Ukrainian people who are facing genocide committed by Russia. pic.twitter.com/LuXRFms2c4
— Rūta Meilutytė (@MeilutyteRuta) April 6, 2022
„Важно е да не бидеме затапени од ужасните слики од масовните убиства на Украинците и нивната болка. Навидум бескрајните ужаси што Русија и ги наметна на украинската земја не смеат да станат норма. Со оглед на тоа што земјите како Германија не зајакнуваат и не наметнуваат соодветни санкции на агресорот, изборот на пари наместо луѓе ја отежнува надежта“, напиша Меилутите.
„Затоа е клучно да продолжиме да дејствуваме, да шириме вистинити информации, да волонтираме, да протестираме, да донираме и да вршиме притисок врз нашите влади да направат нешто“, додаде литванската пливачка.
Фото: Profimedia